Чудни времиња без обичаи стари
Никој не знае дали сме од веков постари
Сé е ново, нов свет се раѓа
Но не смее ништо старо да се враќа.
Да се навратиме на старите мудрости
Тие се нашите темелни вредности
Без кои нема на повидок развој
Нема да биде вековит напредокот твој.
Да си подадеме едни на други рака
Да ја спознаеме друговата срцева мака
Да шириме само љубов светла
Зошто таа е нашата иднина полетна.
Да споделуваме вирус на љубов
Која не знае за времиња, нови и стари
Таа знае само човечки допир
За крвта врела каде чукаат тешки дамари.
Дамарот е нашиот исконски порив
Не смее никој да биде негов спротивник
Тој треба постојано да чука низ нашите вени
Каде струјна крв занес ќе плени.
Да кршиме Бадниково лепче
Зошто традијата така се чува
Да го славиме Божиќ со многу гости
Зошто тогаш завршуваат нашите пости.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.