Снегот е убав, кога во ноќта
на прозорецот тивко ќе слета.
Снегулки кога по цел ден веат
и бела покривка плетат.
Снегот е убав, кога ќе падне
на нечија топла дланка.
Потоа кога врз него ќе летне
брза, стреловита санка.
Снегот е секогаш убав
но најубав е кога ќе стаса
од ветрот носен,
на вцрвенето детско носе.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.