Што значи да се биде присутен? Нешто кое многумина знаеме несвесно да не го практикуваме. Прочитајте ја кратката приказна во продолжение.
Гледаш, а не можеш да видиш. Гледаш, а не сакаш да видиш. Едно момче пошло кај учителот и го прашало:
– Колку време ќе ми биде потребно за да постигнам просветлување?
Учителот одговорил:
– Десет години
Момчето било изненадено.
– Толку долго?, прашало со неверување.
Учителот рекол:
– Не, заблуда беше. Ќе ти требаат дваесет години.
Момчето прашало:
– Зошто го дуплиравте бројот на години?
Учителот одговорил:
– Сега мислам во твојот случај ќе бидат потребни триесет години.
– Каде треба да барам просветлување?
– Овде?
– Кога ќе се случи?
– Токму сега се случува.
– А зошто не го чувствувам?
– Бидејќи не гледаш.
– А што да гледам?
– Ништо. Доволно е да гледаш.
– Во било што каде што ќе ти допрат очите.
– Морам ли тоа да го гледам на посебен начин?
– Не. Доволно е и на обичен начин.
– Не гледам секогаш на обичен начин?
– Не.
– Зошто не?
– Бидејќи: да гледаш мораш целосно да бидеш овде. Ти главно си некаде на друго место.
Прочитајте ја и приказната за благодарноста.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.