Skip to content

„Кафе со преведувачот“ онлајн настан со гостување и книжевна дискусија со Румена Бужаровска

Во четврток, 21 јануари, од 19 часот во организација на „Вавилон“ ќе се одржи настанот „Кафе со преведувачот“, на кој како гостинка ќе биде професорката, писателката и преведувачката Румена Бужаровска.

Настанот е од отворен карактер и бесплатен, а на дискусијата учесниците ќе имаат можност да ги споделат своите согледувања.

„Знаеме дека ќе почнеме со муабет за квалитетот и важноста на книжевните преводи, за читателската публика, за Вавилон, предизвиците кај нас, студентите, а каде ќе завршиме, ќе видиме“, најавуваат организаторите.

Заинтересираните можат да се приклучат на настанот преку следниот линк на „Zoom“ – ID: 891 4778 2221, а лозинката е 016132.

Бужаровска од неодамна е прва амбасадорка на „Вавилон“. Преведува од англиски на македонски (Џон. М. Куци, Луис Карол, Труман Капоти, Ијан Рид, Фланери О’Конор) и предава американска книжевност и преведување на Филолошкиот факултет во Скопје.

Наградата „Вавилон“ е заеднички проект на Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ) и Делегацијата на Европската Унија.

Извор

Напишете коментар