Skip to content

Сè ќе ти бидев – Виктор Кадинец

  • by

Ќе ти бидев и свеќа во црква

и мелем на рана

и неистрелана стрела

и ветар на бајрак

и жица на виолина.

Ќе ти бидев и приспивна песна,

закована во сладост,

во прегратка окована.

Да ме прашаше и како,

ќе ти кажев.

Да ме ислушаше,

ќе ме чуеше.

Да непрозбореше,

ќе разбереше.

Да молчеше,

сè ќе кажеше.

И оганот на свеќата.

И водата во жедта…

Сè ќе ти бидев…

 

Ќе ти погалев сон,

како дремка во топло кебе.

Доста ќе беа откуцувања.

Времето ќе дојдеше да запреш.

И кога ќе ја бакнеше вистината во чело,

ќе имаше мирис на цут…

и ни мала ќе ти беше земјата кон која иташ,

кон мене,

ниту големо ќе ти беше талкањето, акањето,

кон килава цел.

Сега и зимата ти стана пролет

и пролетта неможе без зима.

Се пронаоѓаат,

без да се бараат.

Ти право иташ, а јас во право сум.

Ти книга си, а јас неотворен буквар.

И тумачев наслов да ти дадам.

Ама чуму кражби, лажби,

свеќи, плеќи,

бајрак и песна,

некоја лесна мисла нè фатила.

Чуму се…

Кога сè ќе ти бидев,

само љубов не.

Виктор Кадинец

Напишете коментар