Кафе. Глобално популарен напиток во кафеава боја, познат по тоа што е дел од утринската еуфорија и секојдневието на многумина. Енергично и позитивно влијае врз нашето тело. Физички и психички, откако ќе ја почувствуваме аромата на издробените семиња се чувствуваме подготвени за новиот ден.
Од каде потекнува кафето?
Кафето е зимзелена билка од семејството Rubiaceae. Семето на нејзините плодови се нарекува кафе. Постојат неколку подвидови кафе. Растението потекнува од тропските делови на Африка. Многу е убаво. Има бели цветови и зелени листови, кои растат еден наспроти друг. Мириса слично на јасмин. Дава црвени и жолти плодови кои наликуваат на цреши. Кафето Арабика потекнува од висорамнините на југозападна Етиопија. Кафето Канефора потекнува од долните делови западна Либерија и источните делови од Кенија.
Етиописката легенда
Легендата вели дека во 11 век, еден овчар по име Калди, бил првиот што го открил потенцијалот на кафето. Калди живеел во Етиопија, во областа наречена Кафа. Тој бил обичен овчар и забележал дека неговите овци биле многу поживи кога јаделе плодови од одредено дрво. Станувале толку енергични што не спиеле на вечер.
За своето откритие, Калди му кажал на локалниот свештеник во манастирот. Тој потоа се напил пијалок од плодовите од растението. Двајцата откриле дека овој напиток ја зголемува енергијата и живоста за време на вечерната молитва. Свештеникот го споделил своето просветлување со другите монаси во манастирот. Така започнале да се шират приказни за плодот полн со енергија. Кафето потоа било однесено на Арапскиот полуостров благодарение на африканските робови.
QUAHWA – име на плодовите од растението
Најраните записи потврдуваат дека Јемен е првата земја во светот што се занимавала со одгледување, печење и трговија со кафе. Јеменците на плодовите на растението им го дале името Quahwa, од каде доаѓа името кафе.
Во 15 век, кафето се одгледувало само во јеменскиот огруг. До 16 век било познато и во Персија, Египет, Сирија и Турција.
Кафето не само што го уживале многу домаќинства, туку било достапно во различни кафе-куќи, кои се претходници на денешните кафетерии. Биле нарекувани “Кахвех Кане“. Овие куќи најпрво почнале да се појавуваат на Блискиот Исток, а нивната популарност рапидно растела. Покрај кафето, таму луѓето уживале во меѓусебна дружба и различни социјални активности како играње шах, карти и сл. Илјадници аџии минувале годишно низ Мека. Така, веста за “арапското вино“ брзо се ширела.
Сепак, Арапите биле толку посесивни кога станувало збор за кафето. Зготвените зрна кафе им ги фрлале на стоката, така што друте не можеле да откријат за какво растение станува збор, па ниту да го одгледуваат.
Холанѓаните дошле први до целта
Како што растела побарувачката за кафе, така се зголемувала напнатоста околу тоа кој прв ќе почне да одгледува кафе надвор од арапскиот свет.
Еден судија, наречен Баба Будан, шверцувал 7 зрна кафе, од Јемен во Индија на почетокот на 17 век. Еден холандски трговец успеал да прошверцува расад кафе од Јемен и потоа да го засади во Амстердам.
Откако Холанѓаните ги грабнале зрната кафе, се обиделе да ги одгледуваат во Индија, но без успех. Меѓутоа, во втората половина на 17 век, растението процветало на полуостровот Јава, денешна Индонезија. Холанѓаните имале успешен и продуктивен занает во светот на кафето и ги прошириле своите плантажи на островите Суматра и Сулавеси.
Гласините стигнуваат до Европа
Европејците кои патувале на Блискиот Исток се враќале во своите татковини со гласини за необичен темно кафеав пијалак наречен кафе. До 17 век, кафето дошло во Европа и станало многу популарно.
Луѓето биле скептични во врска со овој пијалак. Бил наречен “горчлив изум на сатаната“ и кога кафето пристигнало во Венеција, во 1615 година, било осудувано од локалните свештеници. Папата Климент VIII тебало да ја донесе последната пресуда. Но пред да му пресуди, тој решил да го проба кафето. Бил воодушевен и кажал дека му се допаѓа тој темно кафеав пијалак.
Кафулињата наскоро станале центар на социјани настани. Во Англија се појавуваат така наречените „пени универзитети“, каде луѓето можеле да си купат кафе за едно пени.
Во 1714 година, градоначалникот на Амстердам му поклонил мала фабрика за кафе на тогашниот француски крај, Луј XVI. Тој издал наредба растението да се засади во кралските ботанички градини во Париз.
Кафето наскоро ги заменило вообичаените пијалоци, особено наутро. До средината на 17 век, во Лондон имало над 300 кафетерии. Во нив се собирале трговци, брокери, уметници…
До крајот на 18 век, кафето станало најбараната и најпрофитабилната стока во светот. Денес е на седмо место во светот на трговијата.
Дознајте зошто пред 400 години лалињата во Холандија биле она што денес е биткоинтот.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.