Ова е еден од оние денови,
мрачен, тмурен, темен.
Па сè наоколу на тебе ме потсетува.
А јас бегам.
Посакувам од себе да избегам,
но не можам.
Заробена сум и во денот
и во мракот
и во темнината.
Ова е еден од оние денови
кога сакам да се опијам,
да се опијам толку добро,
па да можам да заборав на сè,
да заборавам дури и која сум
за барем за миг да не ме боли,
за барем за миг да не помнам,
за барем за миг да ми запрат сеќавањата.
Ова е еден од оние денови,
кога сè во мене е измешано,
а јас само лутам со мислите
за на крајот единствено до тебе да стигнам
оти и почеток и крај ми си ти,
оти од мислите не може да се избега,
дури и на крајот на светот да се појде.
Ова е еден од оние денови,
мрачен, темен, тмурен,
па јас сакам себеси да се заборавам…
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.