Еден човек отишол на фризер да си ја скрати косата и да се избричи. Веднаш почнале да разговараат како што фризерот си работел. Разговарале за многу нешта и за различни теми за накрај да ја чепнат и темата за Бог.
Фризерот рекол: Јас не верувам дека постои Бог.
– Зошто го велите тоа?, прашал муштеријата.
– Знаете, доволно е да излезете на улица и ќе сфатите дека Бог не постои. Кажете ми, ако постоеше дали ќе имаше толку болни луѓе? Дали ќе имаше толку напуштени деца? Ако постоеше Бог немаше да има ни тага ни болка. Не можам да замислам Бог кој би ги дозволил овие работи.
Муштеријата се размислил за момент, но не одговорил ништо несакајќи да започне расправа.
Фризерот завршил со својата работа и муштеријата излегол од салонот. Само што излегол од таму, на улица здогледал човек со долга, неисчешлана и валкана коса со неизбричена брада, изгледал валкано и запуштено.
Муштеријата се вратил назад во фризерницата и му рекол на фризерот:
– Знаете што? Фризерите не постојат!
– Како можете тоа да го кажете?, прашал изненадениот фризер.
– Јас сум тука, јас сум фризер и само што ви ги средив косата и брадата!
– Не! (викнал муштеријата). Фризерите не постојат бидејќи ако постоееја немаше да има луѓе со валкана долга коса и неизбричена брада како овој човек на улица.
– Ах, меѓутоа фризерите постојат. Тоа се случува бидејќи луѓето не идат кај мене.
– Точно, потврдил муштеријата. Токму така. Бог исто така постои! Лошите работи се случуваат кога луѓето не одат кај него и од него не бараат помош…Поради тоа постои толку тага и болка во светот.
Прочитајте ја и приказната за бракот, трпението и простувањето во името на љубовта.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.