Бев сираче
по улиците талкав
на сечија врата
милостина барав.
Се враќав назад, понизен
смирено, тивко плачев,
Се криев, да не ме
слушне и не види некој.
Како просјак
со наведената глава
подавав раце
и повторно милостина
барав
Денар по денар и два,
колку би дале,
собирав јас
целосно, задоволен
за тоа мое драго,
богатство мало.
Рацете ги кревав
на Бога се молев:
Да ми даде место во
засолништа свои
за да најдам спокој и
во душа мир!
Сабахета Мерсими