Има денови кога
Не сакаш никој
Ниту да видиш
Ниту да слушнеш.
Има денови кога
Срцето радост бара
Да се видиш со сите
Најсилно да ги гушнеш.
Има денови хога
На срце катанец ставаш
Подалеку од секој
Зошто премногу се даваш.
Има денови кога
Мракот ги сменил
Сончевите зраци мили
Насмевка а последни сили.
Има денови кога
Од бесот во тебе
Во немир е душата твоја
И тивко чмаеш во себе.
Има денови кога
Од неправда срце се кине
И само темна мисла
Низ глава ти мине.
Но, има денови кога
Сфаќаш дека мирот во себе
Е единствено нешто
Што ти треба тебе.
И тие денови кога
Од Бога прошка бараш
Покајание мир и љубов
Од срце искрено даваш.
И тие денови кога
Простуваш и прошка примаш
Твоето битие е блиску до Бога
Мир и радост во душа имаш.
Мима Лазова