Еден ден, едно момче кое продаваше ситници од врата до врата со чија заработка успеваше да си го плати патот до училиште, се почувствува впечатливо гладен. Но, беше свесен дека има само нешто ситно во џебот поради незавидната продажба дента. Реши дека на следната врата на која ќе чукне, ќе побара нешто за јадење согласно сумата која ја имаше. Кога вратата се отвори, прекрасна млада жена стоеше пред него и го заслепи со својата појава.
Изненаден и малку засрамен, наместо малку храна тој побара само чаша вода. Бидејќи на прв поглед младата жена го забележа неговиот глад, без да праша му донесе шолја млеко. Момчето полека ја испи и праша колку е должен. „Не ми должиш ништо.“ Одговори таа. „Мајка ми ме научи дека никогаш не треба да прифатам пари за направена добрина“. „Тогаш, јас Ви благодарам од сè срце. Имајте убав ден.“ Возврати момчето.
Кога Хауард Кевин замина од таа куќа, не само што се почувствува посилен физички, туку доби налив на волја и засилена верба во Бога што што беше подготвен да даде сè од себе за да успее во животот.
Години подоцна, истата таа млада жена се разболе и се најде себеси во критична ситуација. Лекарите од локалната болница, видно збунети, ја испратија во главниот град на прегледи, консултации и испитувања поради реткоста на нејзината болест. Д-р. Кевин, специјалист за ретки болести, се заинтересира за нејзиниот случај и кога го слушна името на градот од каде што таа доаѓа, очите му се исполнија со светлина и сеќавања. Веднаш се упати кон нејзината соба, облечен во бела униформа и докторска титула, толку променет што жената не го препозна. Но, за среќа, тој многу добро се сеќаваше на неа. Д- р Кевин даде сè од себе. Посвети особено внимание на нејзиниот случај, решен да ѝ го спаси животот.
По долга борба, битката беше добиена. Исписницата која тој ја пишуваше за неа, содржеше и сметка за престојот и операцијата. Кога пликото стигна до г-ѓата, таа со страв и бавност го отвараше плашејќи се дека нејзиното здравствено осигурување не ќе може да ги покрие трошоците. Конечно го отвори и забележа мала картичка на која стоеше: „Платено во целост пред многу години со една шолја млеко“.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.