Почнав да пишувам од дете,
пенкалото ми дојде ко втора природа,
Па и сега морам во дневников да напишам,
дека оваа будала заврши со љубовта.
Ти напишав книги и безброј поеми,
Ама ко што времето минува
Сите ќе бидат на други посветени,
Зошто сум такво копиле
и освен ова збогум,
не сакам ни точка, ни запирка,
ни проста реченица
од мене да добиеш.
Немаш кривица,
Сета вина ја сносам само јас на рамењава,
Се заљубив, се пикнав таму кај што не треба,
Самовилски круг, ко самовилска изолација.
Мислев дека ќе ти ја дадам,
ако побараш и душава.
Ама не ти давам,
Не ти давам ни од водено дрво печурка,
Ни песна, ни книга,
Ни уште еден мал дел освен овој
од дневникот на една будала.
Нема омраза,
Нема љубов,
Нема ниту рамнодушност,
Сега тебе те гледам ко што го гледам
и остатокот од светот.
Бледиш во масите,
И ако еднаш порано беше муза,
Сега си едно мало делче на една младешка лудост
што ќе биде заборавена во очите на модерната уметност.
Лесно ти се брише името,
Уште полесно друго се пишува над него,
Едно време мислев дека ти припаѓам тебе,
Ама сфатив дека всушност припаѓам на светот
(Не може да припаѓа на човек никогаш уметникот).
Среќен нека ти е и тебе и на Голем патот,
олеснување ми е да кажам дека заврши твојата етапа во дневникот.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.