Потопена во мисли како
во соништата од бајка,
наоѓам дел од себе дел
изгубен уште одамна.
На клупите покрај реката
стојат иницијали
на нашите имиња и мирис
на твоите парфеми.
Дури и денес, зраците се пробиваат
низ зелените лисја на тажната врба,
помеѓу цвеќињата
над речниот мост како некогаш.
Рацете треперат,
матни и празни погледи
милува како порано.
лицето и мојата коса
Го чувствувам твоето срце како силно чука покрај моето.
На уво ми пееш нашата песна
,,Возот заминува“,
на истиот оној мост
облечен во убавината на пролетта.
Но, нема враќања на нешто изгубено
искинато, одделено, празно..
не е можно повторно,
не е потребно
Нека остане сликата на мостот
на реката покриена со сенка на
тажна врба и убавините на пролетта со ехо на песната
,,Возот заминува“,
И нашите спомени!
Сабахета Мерсими