Луѓето секојдневно црпат сила од различни извори. На сите ни е потребно да “собереме“ сила за да се соочиме со секојдневните предизвици. Понекогаш црпиме сила од љубовта што ни ја даваат блиските, а понекогаш од верата, религијата или она во кое веруваме. И најчесто…од нас самите.
Не е лесно секогаш да се остане силен, да се биде со крената глава. Уште потешко е кога ќе сфатите дека нема на кого да се потпрете. Во тие моменти ви е потребна целата сила што ја поседувате. Прочитајте ги овие цитати и потсетете се дека сте посилни отколку што мислите! Ако во случај да заборавите, само сетете се на овие мисли.
Доколку некогаш се сомневате во себе и ви треба поддршка… запомнете го ова:
1. „Силата расте кога мислите дека повеќе не можете понатаму, а сепак продолжувате“ – Непознат автор
2. „Останете силни, нека се запрашаат како успевате да ја задржите насмевката на вашето лице“. – Непознат автор
3. „Главата горе. Најтешките битки животот ги чува за најсилните“. – Непознат автор
4. „Силните луѓе не се оние кои никогаш не плачат. Силни се оние кои плачат, ги бришат солзите и продолжуваат да се борат.“ – Непознат автор.
5. „Да…таа ја познава болката, таа е сила, нејзиното срце не знае поинаку“ – А.Р. Ашер
6. „Не им робувајте на сопствените чувства. Контролирајте ги.“ – Непознат автор
7. „Бидете доволно силни за да можете сами, доволно мудри за да препознаете кога ви е потребна помош и доволно храбри да ја побарате“. – Марк Аменд
8. „Тешките времиња создаваат силни луѓе“. – Непознат автор
9. „Паѓаме. Се кршиме. Доживуваме неуспех. Но потоа стануваме, раните се залекуваат и тоа го надминуваме.“ – Непознат автор
10. „Остани силен и во најтешкото. Во најтешките мигови се познаваат вистинските херои.“ – Наталија Наумовска
11. „Погледни му на стравот во очи. Тој не е посилен од тебе. Собери сила и соочи се со него.“ – Наталија Наумовска
12. „Најјаките луѓе не се потпираат на полесниот начин. Тие пливаат во бури, но можат да најдат начин да си ги олеснат работите.“ – Наталија Наумовска
13. „Да се биде храбар не е само избор. Тоа некогаш е единствена опција, но и добра одлука.“ – Наталија Наумовска
14. „Јакиот дух не го крши ниту еден пораз, само го зајакнува“. – Наталија Наумовска
Прочитајте ги и цитатите од Артур Шопенхауер кои се полни со животни мудрости.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.