Мокси уште од мали нозе сакаше да се дружи со книгите. Тот го забележа тоа, но забележа и нешто друго.
Авантурите на Тот, Мокси и Миа, можете да ги следите и на нивната фејсбук страница Палавковците. Таму ќе се сретнете и со една виспрена баба, со црна мачка и со ред други нешта од нивниот секојдневен живот исполнет со секакви згоди и незгоди.
Владо Јаневски е македонско-австралиски писател, сликар, илустратор, стрип уметник, светски патник. Од 1989 година живее и работи во Сиднеј. Објавени дела: роман „Мртвите знаат најдобро“ („Арс Либрис“, Скопје, 2020), роман „Чудо зад аголот“ („Магор“/„Пагома прес“, Скопје, 2020), роман „Под друга капа“ („Магор“, Скопје, 2019), роман „Made in Jabana“ („Слово“, Скопје, 2004), збирка наградувани раскази „Нема враќање“ („Студентски збор“, Скопје, 1985). Добитник е на наградата за најдобро сценарио за долгометражен игран филм на Меѓународниот фестивал на филмски сценарија Скрипт фест 2021 за сценариото „Под друга капа“и на наградата Пегаз за роман на годината во Македонија за 2020 г. за романот „Мртвите знаат најдобро“. Повеќепати бил наградуван и на конкурсите за раскази на „Студентски збор“ и „Нова Македонија“. Застапен е и со наградувани раскази во книгите „Електролит 2006“, „Електролит 2007“ и во списанијата за литература „Маргина“ („Темплум“, Скопје, 2006, 2007, 2008) и „Балкански книжевен гласник“ (Белград, 2007 и 2021). Изложувал во Сиднеј и на интернет. Неговите слики се дел од приватни колекции на повеќе места во светот. Објавувувал карикатури во познатиот Австралиски магазин “The Bulletin with Newsweek”. Неговите стрипови „Палавковците“ и “As Long As We Try” редовно се објавуваат на Фејсбук.