Велигденски роденден

Велигденски пород и препород

Наговештение неочекувано

Ден роден за ден воскрснат

Ден славеник и ден трудбеник

Таков е мојот роденден.

 

Таков бил и повторно се родил

Којзнае дали воскреснат ќе остане

Којзнае дали спомени ќе се нижат

И годината која иде, ќе нуди нови

Сеќавања,

Неповториливи, незаменливи

Родени, препоредени, искорнати

Од времето,

Застанати во меморијата

Во безвремението,

Минато, сегашност и иднина

Повторување на сé,

Дали  ќе биде воскресение

Не знам,

Но важно е да се љубов пред сé.

 

Љубов за блиските,

Љубов за Бога

И спас од злочеста корона.

 

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?