Пламенче – Николина Ќорвезироска

Променети во нова руба,
Ни се променија и лицата
Испрскани со мирот, искадени со темјан
во очите со по некоја солза…радосница
дека може да се победи смртта.
Се враќаме дома од храмовите…
со двете раце си ги чуваме пламените на свеќите.
да не ти угаси свеќата мама ми рече:
-секој пламенот пред куќа треба да го донесе.
Ни светеа лицата од пламенот, од топлината,
од светлината..
Никогаш не ни биле поубави, освен тогаш,
ни светеа и душите…
еве како вчера да беше
ние одиме со пламен во срцето.
А тој во рацете пробува ветрот да ни го згасне
да се победи смртта,
да се победи со жртва вечна
што има поголема радост од тоа.
Бог премногу не сака, зошто тој ни е светлина
и секогаш ни бил…
за сите времиња.

Николина Ќорвезироска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?