Тангото на слободата – Валерија Дамчевска
Огнот гори силно во секој,
 Создавајќи моќ,
 Постоејќи во пекол.
 И сите ќе изгориме.
 Ќе се напрајме пепел.
 Ќе бидиме само честички кои ветрот ги носи.
 Ќе одлетаме низ порите на животот,
 Без да се простиме како шо е редот.
 Ќе се разделиме,
 Ќе се распарчиме.
 И кога некој со молитва ќе го бара гласот наш,
 Од пепелта ќе се роди спас.
 Оти ние уште тука ќе бидиме.
 Соединувајќи се, ќе се будиме.
 И кога некој со пискоти страшни ќе нѐ довикува,
 Ќе се појавиме како светла аура – оти така ни доликува.
 И кога некој ќе проба да ја соедини пепелта,
 Нашите парчиња ќе се разиграат,
 ќе се разлетаат,
 Танцувајќи го тангото на слободата.


