„Мајсторот и Маргарита“ е уникатна приказна , различна од сѐ што претходно сте прочитале. Овој роман на Михаил Булгаков многу критичари го сметаат како еден од најдобрите романи на дваесеттиот век. Исто така е и една од најистакнатите советски сатири. Спојувајќи ја фантазијата со волшебниот надреализам и политичката сатира, „Мајсторот и Маргарита“ е возбудлива приказна сместена во Москва од 30-тите години на минатиот век.
Во него се раскажува приказната за Сатаната, олицетворен во странецот Воланд, мајстор на црната магија и неговите пријатели кои доаѓаат во руската престолнина, оставајќи зад себе целосен пустош. Целиот град е распарчен од нивниот ѓаволски хумор и волшебни трикови, додека властите гледаат на тоа, целосно немоќни. Пред доаѓањето на ѓаволот, „Мајсторот“ пишува роман за Понтиј Пилат (овој роман во роман е целосно интегриран во приказната) и е целосно отфрлен од режимот на власт кој ги испраќа Мајсторот во ментална институција. Во меѓувреме, Маргарита, тајната љубовница на мајсторот, склучува пакт со ѓаволот за да го спаси својот писател-придружник.
Совршен пример на руската традиција на духовитост, фантазија и сатира, со личности кои пленат секој со своја харизма – вклучително и една црна мачка која обожава шах и вотка – Булгаков без напор ги комбинира историското, библиското и магичното за да испорача книга кога станува една од најпознати и најкреативни книги напишани во книжевноста. Ова вонвременско дело е поставено многупати на репертоарот во театрите низ нашата држата и останува да биде дело и претстава за која и ден денес се зборува и раскажува меѓу љубителите на културата и театарот.
Прочитајте и Михаил Булгаков, руски лекар, писател и драматург познат по делото „Мајсторот и Маргарита“.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.