Мое е да те ослободам.
Оти љубов не се добива со ставање окови.
Ако оковаш некој
засекогаш ќе го изгубиш.
Затоа мое е да те ослободам.
За навек мој да бидеш.
Мое е да те насмеам.
Да ти ги насмеам очите.
Барем на миг да направам да заборавиш на светот.
Да се изгубиме еден во друг.
На светот да не постои ништо друго.
Барем за миг да не постои ништо освен нас.
Наше е да не уништиме.
Да не расипиме,
Да не се заборавиме еден со друг.
Да не си станеме навика.
Оти навиката никогаш љубов не била.
Љубовта не може навика да биде.
Мое е да те сакам.
Да те сакам силно.
Да се изгубам во тебе.
И на крајот на светот да знам кому припаѓам.
Мое е да те сакам без граници и услови.
Ама твое е за тоа да не се покаам.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.