Кај ќе ме носиш вечерва?
Во кои светови измислени?
Кај кого на вечера?
Кај ќе ме носиш вечерва?
Во кои приказни расплетени
кај што ќе ме фатиш неспремна?
Кај ќе ме носиш проклетијо?
Низ кои галаксии и соѕвездија?
Преку кои океани и мориња?
Носи ме кај сакаш на крајот на краиштата,
само биди таму до мене во тој свет од соништата.
Барем на кратко,
барем таму,
барем во екот на таа илузија,
допри ми ја душата со тие твои размислувања.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.