Денешниот избор е песната „Самоуспокојување“ од македонскиот поет Анте Поповски. Извадок од збирката Вардар (1958). Прочитајте ја во продолжение!
Самоуспокојување – Анте Поповски
Го слушам јас тој молк твој што коле,
тие нежни раце твои што ме угушуваат в раце ги чувам
и чинам тих некој призвук тивја в мене да ме успие
на твојата снага
на твоето голо тело Молчи.
И молчи велам, ти снебиден веќе за туѓи очи, молчи,
над својата малечкост питома заспи
и мисли лош сон си сонил,
лош глас си чул,
ти не си тој што може друг да си
и да не се плаши.
Го сети ти тој молк твој што те закла
таа добрина твоја што те мами дека не ќе те израсне
и снебиден ти за туѓи очи веќе,
заспи над ова голо тело Молчи.
Тивја патот долг.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.