Чуден простор е машкото срце. Некои велат дека до него се доаѓа преку усната. Други, преку педантноста. Трети, преку ладно пиво. Ама до машкото срце, најверојатно, се стигнува исто ко до женското. Со љубов. Со нежност и внимание. Со грижа. Со подадена рака, тогаш кога му е потребна. Оти и мажите се еднакво чувствителни битија како жените.
Ама до него, најверојатно, само еднаш се стигнува. Само една успева да се скрие низ лавиринтите негови. И останува заробена таму засекогаш. Па други и да ја бркаат, не излегува. Не оти таа не сака да излезе, туку оти мажот не знае како да ѝ го покаже крајот на лавиринтот. И таа, едната, внатре некогаш сади убави цветни градни. Па душата негова на зумбули замирисува.
Ама некогаш, таа едната, пепел прави. Па после неа само преплишта и крв остануваат низ лавиринтите. Дури и да не е тука, споменот на неа е вечер. Оти машкото срце тешко заздравува. Машкото срце не се опоравува оти не сака да се опорави. Па секоја наредна е само утеха. Млака искра. Слика која потсеќа на неа. Или очите ѝ се во иста боја како нејзините. Или косата ѝ е слична на онаа нејзината. Или има бенка на левата слепоочница, исто како неа. Или користи исти зборови…
Секоја наредна потсетува на таа, едната. Единствената што успеала да остане заробена во лавиринтот. Оти машкото срце е лавиринт што само еднаш се отвара. Само една успева таму да се смести. Секоја наредна, секоја после неа, дури и најдобра да е, дури и најплеменита да е, тешко дека ќе успее неа да ја замени.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.