Сите жолти булки и лалиња
ќе ги постелам пред мојата врата
од малата куќичка
без ваша најава…
како да им ја одржувам свежината,
а од вас да не се усрамам?
Сите сончогледи ќе ги наберам
до сонцето ќе извикам…
да го осветли патот на вечна среќа
за мене,за тебе…за децата.
Ќе се претворам во пеперутка
во таа сончевина…
никој нема да ме препознае
додека треперам со крилцата.
И кога некој ќе ме набере од плантажа
и ме стави како жолт гербер во ваза…
не знам кој ќе биде посреќен?!
Јас што ќе ја красам за неколку дена собата
или тој што мисли дека убавината е вечна.
И кога некој ме набере покрај патот кај ридот
И ќе раскаже убава приказна ,
дека набрал кантарион и ја излекувал душата
Кој ќе му поверува?
Жолтата птица ќе пее на гранка од маслинка..
А јас ќе се кријам меѓу жолтите цвеќиња
за да не ја засрамам убавината на песната.