Помислата за пресликување на поема во композиција секојпат ми будела чудно несекојдневно скокоткање на виугите. Обземен од мелодијата и пишаниот збор, одлучив да создадам дел од етида. Раскажана во поема, но преточена во мелодија одсвирена на харфа.
*етида (étude) – кратка мелодија за техничко совладување на музички инструмент.
*музичка нота ,,ti” – во 1800те музичката нота ,,си” е променета со ,,ti,, во романските јазици (шпански, португалски, италијански итн.)
Во продолжение можете да ја прочитате поемата и слушнете етидата сочинета во неа.
do-при ме ti
mi fa-лиш do sol-la-рните
небеси
ti небеска mi-словна
re-инкарнација си ti
la-нска fa-була недокажана
do каде ti ме обземуваш
do таму ti mi требаш
re-ки ti дух да-do-ја
sol’-ца mi те огреаја
песна re-вносна си mi ti
la la la mi пејат do-бри
другари, другари гласни fa-н-fa-ри
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.