Секое неделно утро, една млада девојка трчала околу паркот во близина на нејзиниот дом. Секогаш кога поминувала покрај езерото кое се наоѓало на едниот крај од тој парк, можела да види една бабичка која со својот мал, метален кафез седи таму, делувајќи како да не прави ништо.
Обземена од љубопитноста, девојката еден ден ѝ пришла за да ја праша што прави. Кога се доближила до старата баба, можела јасно да види дека кафезот бил всушност стапица во која имало три желки, додека бабичката во рака држела четврта желка чиј оклоп внимателно го чистела со четка. Збунета од тоа што се случува, девојката ја прашала бабата што точно прави со желките. Бабичката се насмеала и ѝ кажала на девојката како секое неделно утро поминува неколку часови покрај тоа езеро, чистејќи им го оклопот на овие 4 желки од алги и ѓубре бидејќи истите, откако ќе се наталожат, им ја намалуваат на желките можноста да апсорбираат топлина и да пливаат.
Воодушевена од добрината на оваа бабичка, но истовремено и не разбирајќи зошто таа го прави ова кога на светот има уште многу желки за кои веројатно никој не се грижи на овој начин, девојката ја прашала бабичката зошто си го губи времето на нешто што делува како да не прави никаква разлика. На ова, бабичката се насмеала, па ѝ одговорила: “Мила, да можеше оваа мала желка да зборува, таа ќе ти кажеше дека нејзиниот свет сега е целосно променет.“
Прочитајте ја и приказната за продавачот кој за малку не се вработил во Мајкрософт.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.