Приказната почнува на морско крајбрежје. Во текот на ноќта еден голем бран исфрлил стотици прекрасни морски ѕвезди. Но, кога сонцето почналло да пече ѕвездите почнале да умираат. По крајбрежјето шетале двајца мажи. Првиот ги гледал ѕвездите како умираат и размислувал колку тажна судбина ги снашла. Го растажила нивното пропаѓање. Видно онерасположен чекорел понатаму по крајбрежјето.
Вториот човек шетал полека и со загрижен поглед. На секој чекор се наведнувал и во морето фрлал по една ѕвезда. Кога се приближиле двајцата еден до друг, првиот човек се заинтересирал што прави другиот. Му пришол и го прашал: „Што правите човеку?“
„Ги враќам ѕвездите во морето!“, одговорил човекот и продолжил да се наведнува враќајќи ги насуканите ѕвезди во морето. Првиот зачудено прашал:„Но зошто? Па погледнете колку ги има? За сите нив секако нема шанси!“. Другиот човек се наведнал, во рацете зел една ѕвезда и ја фрлил во морето одговарајќи: „Но за оваа има шанси!“.
Прочитајте ја и приказната за тежината на чашата.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.