За денес како предлог филм ја имаме класичната романтична комедија од 1998 – ма, “Стапица за родители”. Филмот е базиран на германскиот роман “Лоти и Лиса” на Ерих Кеснер, а е римејк на истоимениот филм од 1961 – вата година.
“Стапица за родители” (The Parent Trap), во режија на Ненси Мејерс и по сценариото на Чарлс Шуер и Ненси Мејерс е една приказна за тоа како судбината по секоја цена пробува да спои едно одвоено семејство.
Ник Паркер и Елизабет Џејмс се запознаваат на крстарење и се вљубуваат. По кратко љубовта ја крунисуваат со брак од кој се раѓаат близначките Ани и Хали Паркер. Но, покрај големата љубов Ник и Елизабет се разведуваат и прават договор, Ник ќе ја задаржи Хали во Калифорнија, А Елизабет Ани во Англија.
Ани Џејмс и Хали Паркер растат незнаејќи една за друга ниту пак за другиот родител, со себе имаат само една искината фотографија. Случајност или судбина ќе ги спои во летниот камп за девојчиња и што ќе направат кога ќе ја дознаат целата приказна? Секако стапица за нивните родители.
Во главните улоги: Денис Квејд, Наташа Ричардсон, Линдси Лохан, Илејн Хендрикс и многу други талентирани актери и актерки.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.