Крај со есенски сјај – Ирена Белешковска
На јаве ме викна да пиеме чај
 разменивме збор-два
 и една стара тетратка
 во која запишано стои, крај.
И есента има бои со силен сјај
 ако и на сон си доволно храбар
 да бидеш за сите и себе добар
 и од животот катаден да правиш рај.
Порачав убавина и доблести со префикс “нај”
 за да те импресионирам,
 да умеам да не провоцирам
 кога ме кудат, а не сум “кабает“, знај!


