Skip to content

Свеќа

Не е изгорена свеќата твоја денес

или ете таа мојата запалената гори

во срцето твое?

Заматен е сега твојот лик и мирно пламти

во својата светлина.

Јас само сакам да го дофатам

како ѕвездеста прашина која се појавува

после уличен циркус

никој не ја приметува во развеселената толпа

но, јас, јас ја сонив синоќа

беше дел од мојот ум кој ти го просветли

се појави, ми кажа дека си тука

го дофатив сјајот на сонцето.

Напишете коментар