Одамна си живеел еден човек кој чувал коњи. Еден ден сите негови коњи побегнале. Соселаните почнале да пекаат во име на човекот.
„Леле, леле, сите коњи ги загуби. Која несреќа, која трагедија!”
Човекот се насмевнал: „Ќе видиме” – рекол.
Наредниот ден неговите коњи се вратиле – а со нив довеле и уште неколку диви коњи. Овојпат соселаните вивнале од среќа за човекот:
„Видете, сите коњи се вратија, па дури има и неколку глави повеќе. Каква среќа, каква среќа!”
Човекот се насмевнал: „Ќе видиме” – рекол.
Следниот ден синот на човекот решил да започне да ги припитомува дивите коњи. При обид со еден од нив тој паѓа и ја крши ногата. Селаните повторно реагирале први:
“Аууу, за беља, синот жив му се искрши. Леле која несреќа!”
А човекот повторно се насмевнал: „Ќе видиме” – рекол.
Наредното утро во селото пристигнале воените претставници на царот – конскриптори. Сите мажи на борбена возраст ги повикале на служба. Синот на човекот не бил во никаква состојба да служи војска, останал со татка си. Селаните биле во неверба на среќата која ја сведочеле:
„Вчера да се искрши, денес да се спаси! Каква среќа!”
И човекот повторно се насмевнал. „Ќе видиме” – рекол.
Прочитајте ја и приказната за момчето и расплаканата девојка.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.