Кој да смогне да го каже
болот светов што го кине?
Зар поетот! Та, тој маж е
што се раѓа и што гине,
што се вљубува, што пати,
преполн лудости и страсти,
сè бербати и сè злати,
предрасуди бројни пласти.
Не е ничие тој знае
в раце секој да го валка.
Молчалив и често сам е.
Како ветрогон се талка.
Знае, никој не ги брше
гревовите забранети –
Знае, црно му се пише
и на веков дваесетти!
Песната им носи пари
на мнозина параметри
а сегашноста е жена
од поети недопрена!
На злото со зло се враќа,
подлостите цуатт, боже,
зар пак веков наш се траќа
од зла болест изнеможен?
Отчовечени се днит
и врколен овој свет е.
Виновници штом сме сите
ќе се страда, запомнете!
Врз убавото се плука,
врз добрината се гази –
та, поетот кај е тука
зло да презре, зло да мрази…
И да праша громко, гласно
дали мрачно денес сè е,
и да викне полнострасно:
Се лажете! Не е! Не е!
Пустозборци, сештојади,
чиста реч пак ќе се кова,
песната пак пат ќе гради
кон среќата човекова.
Снеубавен ден (1974)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.