Овие денови
Ми мирисаат на надежи низ очите испратени
Во срцата закотвени.
Мириса моќно на гранчиња цимет
Во чајот потопени
Низ топлина разнесени
Мириса на снег
Со мирни палавштини
И слатки насмевки
Мириса на домови
И мисли низ огниште расфрлени.
Мириса сè на нас
На души полни љубовни воздишки
На срца полни со мотивации
И очи светкави од среќни дни .
Аххх..
Инспирација си ти декември
Инспирација си ти во мислите
Зашто ми мирисаш на убавина
Ми мирисаш на магија
Мирисаш низ целиот свет
Мирисаш на надеж.