Најубави мисли за Божик, еден од најголемите христијански празници денес на главно “мени“. На денешен ден православните христијани го празнуваат Божик или рождеството Христово, а следниве мисли се посветени токму на овој голем празник. Нема повеќе да должиме, прочитајте ги, стоплете си ги срцата и споделете ги со вашите најсакани!
„Сакајте го дарителот повеќе од дарот.“– Бригам Јанг
„Подарувањето љубов и време се основни состојки за среќен Божик“. – Пег Брекен
„За Божиќ сите патишта водат дома.“ – Марџори Холмс
„Секој подарок, колку и да е мал, всушност е голем ако е подарен со љубов.“ – Пиндар
„Оној кој не го носи Божиќ во срцето никогаш нема да го најде под елката.“ – Рој Смит
„Божикот мавта со своето волшебно стапче околу светот и во истиот час сè станува помеко и поубаво.“ – Норман Винсент Пил
„Не дозволувајте минатото да ви ја украде сегашноста. Ова е порака за Божик: никогаш не сме сами“. – Тејлор Колдвел
„Предлози за божиќни дарови: на непријателот, прошка. На противнкот, толеранција. На пријателот, срце. На клиентот, услуга. На сите, милосрдие. На секое дете, добар пример. Себеси, почитување“. – Орен Арнолд
„Благословена е оваа годишна доба кога целиот свет е вклучен во љубовен заговор.“ – Хамилтон Рајт Меби
„Што е Божик? Тоа е благост кон минатото, храброст за сегашноста и надеж за иднината.“ – Агнес М. Пахро
„Божик е ден којшто цело време сите нè чува на едно место.“ – Александер Смит
„Еден од највеличествениот неред на светот е оној којшто настанува во дневната соба на Божик.“ – Анди Руни
„Добрата совест е непрекинат Божик.“ – Бенџамин Френклин
„Божик не е годишен период. Тоа е чувство.“ – Една Фербер
„Нека Божиќ ни биде прекрасен без ниту една лоша мисла.“ – Ан Гарнет Шулц
„Ако не го направиме Божик пригода за делење благослови ни целиот снег од Алајска нема да го направи „побел“.“- Бинг Крозби
„Најдобар подарок под божикната елка е присутноста на членовите од семејството завиткани во среќа.“ – Буртон Хилс
„Божик ќе трае онолку долго колку што ние ќе бидем срце покрај срце и со рака во раце.“ – Доктор Сеус
„Божик е неопходен. Треба да постои барем еден ден во годината кој ќе нè потсетува дека овде не сме само проади себе.“ – Ерик Севареид
„Мојата идеја за Божик без оглед дали е старомодна или модерна е многу едноставна: да се сакаат другите.“ – Боб Хоуп
„Да се ценат мирот и добрата волја, да се има во себе изобилство на милост, тоа е вистински божикен дух“. – Келвин Кулиџ
„Мирисот на Божик се мирисите од детството“. – Ричард Пол Еванс
„Божикната магија е тивка. Не ја слушаш, ја чувствуваш. Знаеш дека постои. Веруваш во неа.“ – Кевин Алан Милн
„Би сакал божикниот дух да можеме да го спакуваме во тегли и секој месец во годината да отвораме по една.“ – Харлан Милер
„Божик е време кога треба да го запалиме огнот на гостопримството дома и срдечниот пламен на добродетелството на срцето.“ – Вашингтон Ирвинг
Прочитајте ги и следниве мисли посветени на зимата која е во полн ек.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.