Гатанките се одлична вежба (ментална гимнастика) која ги тера децата, но и возрасните на размислување. Со обидите за погодување дечињата ги зајакнуваат нивните когнитивни процеси, а истовремено и ги вежбаат. Ако не сте ги прочитале гатанките коишто претходно ги имаме објавено, кликнете овде. Прочитајте ги во продолжение десетте гатанки и обидете се заеднички да ги решите со најмалите.
Прва гатанка
Дење сум лага,
а ноќе вистина.
Втора гатанка
Мала градина со ситни
трње оградена.
Трета гатанка
На една куќа сто прозорци.
Четврта гатанка
Без кожа влегува,
со кожа излегува.
Петта гатанка
Ако одев наугоре,
ништо не ќе оставев.
Шестта гатанка
Бело е – сирење не е,
зелено е – гора не е,
опашка има – глувче не е.
Седма гатанка
Ако го гибаш вреска,
ако го оставиш молчи.
Осма гатанка
Дрвен стомак кожен грб
со влакната зборува.
Деветта гатанка
Полна тепсија златни лири.
Десетта гатанка
Црвен бивол,
црно биволче лижеше.
Прочитајте ја и басната за мувата и пчелата наменета за деца и возрасни.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.