Skip to content

Бестелно

Лежам слободно, бестелно врз проткаени слогови
моментот тлее концептуално пред часот мој
смеам ли да не разислувам за ништо, го прашав
тој молчи лунесто над линија хоризонтна
сосредоточено не размислувај за ништо, ми одговори
римите мируваат исто така
како изморена птица вратена од далек пат
зошто тогаш бркотницата петелчи пред мене
иако животот, сообраќаен хаос биднал
заглавен во него го растегнувам времето галактички
во бескрај оди видикот и звукот од кабината пуста
дур градите тежнеат за познато сознание
да седнам и поема составам, за тоа тежнеам
но сообраќајниот хаос наречен живот
тоа не ми го дозволува
тука, некогаш имаше пустински поток
таму бескрајно се влеваше во денови рацинови
каде сум сега, на кој пат сум. Знам.
но трите мудреци витези постанаа
лудуваат тригонометриски од произволен агол
на собава стара, дур чекам да спокојот го најдам
во дувлото ново

 

 

 

Напишете коментар