Зарам мојата смрт не е нивна? Затем смртта на еден човек не е на целото човешто?
Кој може да суди, за парчето црвена земја
Која го разделува жолтосиното небо
Оганот гори во пазувите на распаречните тела
Втрлог се крие во утробите на мајките
Врисок! Врисок!
Зарем смртта на едно дете не е смрт на сите мајки на светот?
Никој не може да му суди на залезот на сонцето
Кога прегорува срцето на војникот
Се стопува во морињата и Нептун го вика
Да играат танц со сирените
Блед поглед, стихија и раздор
Молчешкум вледува
Hoc est bellum
Зарем не?
Зумбулеста бела невиност
Натопена со црна крв
Hoc est bellum
Зарем не?
Не, никогаш веќе.
Со бели зумбули во рацете
да ги прегрнеме белите гулаби
Кои долетуваат од север.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.