Деведесетгодишниот Шунтаро Таникава e добитникот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата – СВП за 2022 година. Таникава е најзначајниот жив јапонски поет и вториот јапонски лауреат во Струга, по Макото Оока во 1996 г.
Партали
Поезијата
дојде
пред зори
облечена
во гнасни зборови.
Немам ништо
да ѝ дадам.
Ми се нуди
нејзината гола снага
што се проѕира
низ крпите.
Уште еднаш
ѝ ги крпам
парталите.
Превод: Зоран Анчевски
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.