Книгата „Куфер“ на Ерол Туфан излезе од печат и е во издание на издавачката куќа ПНВ Публикации, 2022 година. Ерол Туфан (1959, Гостивар), поет, есеист, преведувач. Во 1992 година се иселил во Турција. Студирал право во Скопје и Конија. Работи како самостоен адвокат во Истанбул. Досега во Скопје на македонски ги објавил: книгата есеи „Книгољубецот“ (2006 и повторно во 2011), книгата поетски есеизации „Несоници“ (2020) и книгите поезија: „Балкански син“ (2013), „Камчето од Вардар“ (2016), „Ликовите во мене“ (2021). Двојазичниот избор од поезијата на македонски и турски јазик „Меланхолија/Melankoli“ (2020) објавена во Скопје. Изборите „Еролтрагом Ерола“ (2016) и „Књигољубац“ (2017) му се објавени во Србија. Во 2019 ја приредил и објавил книгата „Компаративни поетики“, дел од богатата оставина на својот татко Музафер Туфан.
Во Истанбул објавена му е стихозбирката на турски јазик „Hülyabitince“ (2021). Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Удружење Књижевника Србије и на Турскиот вакуф на писателите. Илустрациите во книгата „Куфер“ се на универзитетскиот професор и поет Владимир Мартиновски. Лектурата е на поетесата Виолета Танчева Златева. Рецензенти се професор Лидија Капушевска Дракулевска и Силвана Димитриевска, а вклучен е и краток осврт од поетот Славе Ѓорѓо Димоски.
Благодарност до Силвана Димитриевска за споделената информација и испратените фотографии.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.