Водата блика во срцата на подновениот мост
Не се изгубени надежите дека ќе дојде препород
Грлата се полни со извици на среќа
Јагленестиот поток се избистри со сребрена вода
Лебедите никогаш не заминале на југ
А ластовиците се повторно овде.
Полетувам од зима во пролет,
Бликам во срцето со новоизраснати желби ,
Се препородувам со надежи, надежи, надежности
Сребрени се зелениве коси и се украсуваат со детелина од сонце
Намирисувам сончоглед во полињата од жито.
Но, рано е, пролетта е на прагот, а детелините се полни роса
Самовилите ме гледаат, трчам боса
Корењата не ме влечат во Адот,
Наоколу мирисам само Радост.
Пролет е! Пеперутките играат во пар
Знам таа дојде исто како тебе, како Божји дар!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.