Skip to content

Слушај поезија: „Сина птица“ (Bluebird) од Чарлс Буковски

„Сина птица“, поема од Буковски,  ја прочитав на англиски и е објавена на јутјуб каналот Слушај поезија и други приказни. Во продолжение го споделувам македонскиот превод, а под него може да чуете како звучи текстот. Пријатно слушање!

има една сина птица во моето срце која
сака да излезе
но јас сум премногу опасен за неа,
ѝ велам, остани внатре, не сакам
никој да те види

има една сина птица во моето срце која
сака да излезе
но јас ја наливам со виски и вдишувам
чад од цигари
така што курвите и бармените
и продавачите
никогаш не дознаваат
дека е
внатре

има една сина птица во моето срце која
сака да излезе
но јас сум премногу опасен за неа,
ѝ велам,
мирувај, сакаш ли да зафркнеш
нешто?
сакаш да ја заебеш
работата?
сакаш ли да ми ја упропастиш продажбата на книги
во Европа?

има една сина птица во мето срце која
сака да излезе
но јас сум паметен човек, ја пуштам надвор
само понекогаш навечер
кога сите живи спијат.
ѝ велам, знам дека си овде,
и затоа немој да бидеш
тажна.
потоа ја враќам назад,
но таа потпевнува по малку
внатре, не ја пуштив за да
умре
и потоа така спиеме
заедно
со нашиот
таен пакт
и сето тоа е доволно убаво
што човек би можел
да заплаче, но јас не
плачам, а
вие?

Слушнете ја и „Маја“ од Радован Павловски во изведба на Маја Малиновска.

Напишете коментар