Заборави дека некаде на светот постојат
некакви твои мажи,
и мои жени
и постели во коишто соновите се занаети.
Нека патиштата бидат
за мене и тебе протегнати
оваа случајна вечер
далеку
во неповрат.
Можеби затоа и сме родени
еднаш таму да појдеме.
Да ти ја милувам косата
како да сум ти прв.
А после
еден на друг
малку убаво да додадеме
со две-три трошки љубов
и една крпичка крв.
Никогаш нема поради тебе
да одам да локам рум,
ниту да пишувам за вечноста
најдобра песна покрај чашата.
Малку насмевни ми се
кога ќе се вратиш покрај патот.
И немој да ми мавташ.
Ни јас нема да мавтам.
Превод: Наталија Наумовска
Слушнете ги стиховите на оригинален српски јазик на видеото подолу.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.