За јазикот – Александар С. Трајковски
Македонскиот јазик,
 е извор непресушлив,
 на древна поезија Пелазгиска.
 Рецитал театарски на сцена светска,
 скровиштето на ризницата јазична,
 како ендемски згрижен минерал
 од каменолом гмечен,
 и зраци светло од свеќникот кон патот вечен.
 Од творештвото поетско на Шопов и Прличев,
 Јаневски и Рацин,
 и други големи славни поети,
 па сè до македонистиката на Конески и Мисирков,
 Пулевски и Улчар.
 Да му ја воздигнеме славата до небеса,
 а неговиот патрон вечно да му се слави,
 оживејте го говорот,
 и возгордејте се Македонци.
 Домот вечен на поколенија наши,
 кој низ вековите славно плови,
 и само кренете го каменот драг сјаен,
 ќе се пролее лирска личотија свежа,
 од фантастични умовите нови,
 од поети, прозаисти до македонисти.
 Штитот вечен,
 на нашата имотнина,
 патоказот на минатото
 и огледалото за предестинацијата ваша.
 Нашиот македонски јазик.
д-р Александар Саша Трајковски e дипломиран доктор, македонски поет, преведувач и толкувач, редовен член и дел од МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ДРУШТВО – БИТОЛА.


Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.

