Ангелот на смртта или “тивката хероина“ се викала Жизел Перл. Во нацистичките логори се случувале најголемите злодела кон недолжните каде со масовната смрт во крематориумите и гасните комори за некого биле спас од судбината полоша од смртта. Сепак ова стравотно место ги создало и некои од најголемите “тивки херои“ во Втората светска војна.
Дури и голем број на оние кои ја познаваат историјата не знаат дека во Аушвиц како асистент на еден од најголемите монструми во современото доба – доктор Менгел работела медицинска сестра од еврејско потекло! Всушност таа жена дала сè од себе да ги спаси логорашите и да го намали бројот на жрвтите од доктор Менгеле. Доктор Менгеле уште наречен “ангел на смртта“ работел со Жизел Перл, медицинска сестра која поради своите дела е наречена “ангелот на Аушвиц“.
“Ангелот на Аушвиц“
Жизел Перл била само уште една припадничка на еврејскиот народ која била депортирана во Аушвиц во почетокот на Втората светска војна. Во масата на изгладнети и болни логораши кои секој ден морале да работат тешки физички работи за Третиот Рајх успешно да ги издржи и води битките, Жизел спонтано го кажувала своето пракитчно и теориски знаење од медицината поради која нацистите одлучиле да му ја доделат на д-р Менделе како помошник во лабораторијата. Во неа се вршеле гнасни експерименти над близнаци, ментално заостанати, луѓе со низок раст, со друга боја на кожата итн.
Најлошиот чин во логорот
Веројатно најгнасен чин на нацистичката влада која се спроведувала во логорите било масовното убивање на бремените еврејки. Малкуте бебиња што стигнувале живи во Аушвиц завршувале во страшната лабараторија од докторот. Кога еднаш Менгеле ја излажал Жизел и ѝ рекол да провери кои жени од логорот се трудни за да добијат “подобар третман“ само за поле тоа да ги убие, оваа медицинска сестра почнала да ги прикрива бремените жени и скришно ноќе им правела абортуси. Нејзината пресметка била јасна – да спаси поголем број жени во надеж дека ќе се извлечат од логорот и еден ден во новиот живот да имаат семејство.
И така, додека “ангелот на смртта“ ја продолжувал својата монструозна работа преку ден таа ја продолжувала својата работа преку ноќта. Жизел Перл до 1945 година направиле околу 3 илајди абортуси.
Ослободувањето на Жизел Перл
По ослободувањето на Жизел Перл дознала дека нејзиниот маж и син биле убиение нацистите непосредно пред влегувањто на сојузникот во Германија. Ќерката ѝ се водела како исчезната. Целата во очај Перл се обидела да се самоубие, но преживеала. Била пратена на опоравување во Франција, а потоа се отселила во Америка каде ѝ било одобрено државјанство. Успеала повторно да ја пронајде ќерката која ја преживеала војната сокривајќи се.
Била пратена кај гинекоглот во њујоршката болница “Mount Sinai Hospital” и како експерт за лекување неплодност. Наидувала на отпор од америнаската јавност поради тоа што извршувала и абортуски, на крајот со ќерката се иселиле во Израел каде што и продолжила да се заниамва со медицината.
Нејзиното дело сумирано и биографски податоци
Напишала повеќе трудови за женското репродуктивно здравје како и книгата „Бев докторка во Аушвуц“ во која ги опишала стравовите што ги посведочила во текот на злосторството.
Починала во Израел во 1988 година. Според животот на Жизел Перл во 2003 година снимен е и филм „Од пепелта“(“Out of the Ashes”).
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.