Денес ги споделуваме стиховите од песната „Преживување“ од македонскиот книжевен, културен и јавен работник, професор, академик, филолог и јазичар, книжевен историчар, преведувач, прозаист, есеист и поет, Блаже Конески. Песната, иако кратка носи во себе една силна порака за истрајноста и сѐ она што ја поткрепува. Што порачува Конески со оваа песна и што е тоа што му помага на еден човек да ги преживее и најтешките моменти, прочитајте подолу. A, како песната звучи кога е рецитирана, послушајте тука.
Какви порази сме морале да издржиме,
какви срамови,
какви поруги.
Боже, умот дури ми се свртува!
Ни помагало нешто, нè крепело нешто,
некаква смешка, некаква површност, –
и по сето тоа
во нас
некаква надеж, некаква желба,
некаква скриена смисла
безрасудно
пак изртува!
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.