Преживување – Блаже Конески (во чест на стогодишнината од неговото раѓање)

На денот на неговото раѓање во годината кога се одбележуваат сто години од раѓањето на великанот Блаже Конески на јутјуб каналот Слушај поезија и други приказни објавено е најновото видео. Поддржете ја и фејсбук страницата на Слушај поезија и други приказни.

Преживување

Какви порази сме морале да издржиме,
какви срамови,
какви поруги.
Боже, умот дури ми се свртува!
Ни помагало нешто, нè крепело нешто,
некаква смешка, некаква површност, –
и по сето тоа во нас
некаква надеж, некаква желба,
некаква скриена смисла
безрасудно
пак изртува!

Пријатно слушање!

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!