Skip to content

Предлог книга за читање – Пофалба на глупоста од Еразмо Ротердамски

Десидериус Еразмус Ротеродамус ( 28 октомври 1466 – 12 јули 1536 година) бил холандски научник кој се смета за еден од најпознатите филозофи од таканаречената Северна Ренесанса.

Роден е на  денешен ден.

Кратка биографија

Како католички свештеник, тој беше важна фигура во класичната научна мисла и пишувал на чист латински стил. Помеѓу хуманистите тој го добил прекарот  „Принцот на хуманистите“ и бил наречен „крунска слава на христијанските хуманисти“.

Користејќи хуманистички техники кога работел на текстовите, тој подготвил нови важни латински и грчки изданија на Новиот завет, кои покренале прашања значајни за протестантската реформација и католичката контрареформација. Тој исто така ги  напишал „За слободната волја“,  „Пофалба на глупоста“, „Прирачник за христијанскиор витез“, „За учтивоста кај децата“, „Копија: Основи на изобилниот стил“, „Јулиус Ексклузус“ и многу други дела.

Еразмо живеел во позадина на растечката европска религиозна реформација. Тој бил член на Католичката црква целиот свој живот, останувајќи посветен на реформирање на Црквата и злоупотребите на нејзините свештеници одвнатре. Тој, исто така, ја поддржал доктрината за синергизам (религиски пристап според кој Бог работи заедно со нас на нашето спасение), која некои реформатори (калвинисти) ја отфрлија во корист на доктрината за монергизам (религиски пристап кој верува дека само Бог е одговорен за нашето спасение и ние зависиме од неговата милост).

Неговиот пристап на умереност по ова прашање ги разочара, па дури и ги налути научниците од двата табора. Еразмо ненадејно починал во Базел во 1536 година додека се подготвувал да се врати во Брабант и бил погребан во Базел Минстер, поранешната катедрала на градот.

Пофалба на глупоста

Неговата најзначајно дело е Пофалба на глупоста, едно од најзначајните книги од периодот на Ренесансата, книга која треба да биде дел од сечија листа на читање. Книгата се состои од предговор и главен текст.

Предговор

Предговорот, напишан на 9 јуни 1508 година, е насловен како „Еразмо Ротердамски му испраќа поздрав на својот Томас Мор“ и во него авторот го објаснува постанокот на книгата за која соопштува дека ја напишал за време на патувањето од Италија во Англија. Притоа, размислувајќи за заедничките пријатели, Еразмо најпрвин помислил на Томас Мор кој го инспирирал за делото, особено имајќи предвид дека презимето Мор асоцира на латинскиот збор moria што значи „глупост“. Познавајќи го како духовит човек, кој ги сака шегите, Еразмо му ја посветува книгата на својот пријател Мор, очекувајќи дека тој ќе ја брани од злонамерните напади. Исто така, во предговорот, Еразмо посочува низа примери во кои големите писатели пишувале шеговити дела (Хомер, Овидиј, Поликрат, Лукијан, Сенека, Плутарх, Апулеј итн.), кои често се покорисни од углендите и педантните расправи.

Зборува Глупоста

Својот говор, Глупоста ја започнува така што се претставува себе, велејќи дека има божествено потекло, т.е. нејзиниот татко е богот Плутон, а нејзината мајка е нимфата Неота. Потоа, Глупоста вели дека на човекот му ги подарила животот и уживањето и дека таа е присутна во најубавото време во животот (детството и младоста), а старите ги подмладува. Благодарение на неа, дури и боговите прават разни глупости и се забавуваат. Исто така, таа прави мажите и жените да се сакаат.

Природата ја создала лудоста за да му даде уживање на човекот, т.е. за да не биде тажен животот. Понатаму, во својот говор, Глупоста вели дека лудоста е основа на пријателството и на бракот, дека таа управува со државите зашто мудреците не се добри во извршувањето на јавните работи и дека, наспроти мудреците кои се несреќни, глупавите живеат безгрижен и среќен живот.

Во продолжение, Глупоста почнува да ги набројува бројните човечки недостатоци, како што се: суеверието, гордоста, самољубието, суетата, страста на ловците, итн., вклучувајќи ги и глупостите на учените луѓе и на уметниците.

Таа особено ги исмејува писателите на лесни книги, но и софистите, учителите, философите, теолозите, кралевите, благородниците, високото свештенство и папите. Оттука, Глупоста заклучува дека мудреците живеат во сиромаштија, занемарени и омразени, додека глупаците пливаат во пари и стојат на чело на државите. Својот говор, Глупоста го завршува наведувајќи цитати од класичните писатели, како и цитати од Светото писмо, заклучувајќи дека најголемата побожност се граничи со лудоста.

Прочитајте го и Предлог книга за тинејџери и возрасни: „Марта” од Горјан Петревски

Напишете коментар