Во чест и сеќавање на великанот Блаже Конески кој беше македонски поет, писател, литературен преведувач и лингвист го подготвив овој напис. Неговиот голем придонес беше во кодификацијата на стандардниот македонски јазик. Роден на 19-ти декември 1921, а починал на 7 декември 1993 година. Со своето дело, Конески извршил широко влијание врз културно-општествената заедница, како во Македонија, така и на просторот на поранешна Југославија и во европски рамки. Во 2018 година, по повод одбележувањето на 70-годишнината од објавувањето на првата стихозбирка на Блаже Конески „Земјата и љубовта“ (1948), Институтот за македонска книжевност организирал научен симпозиум. Подетални информации имате на следниот линк од Википедија.
Денеска се потсетуваме на неколку рецитали со стихови од неговите стихозбирки. Слушнете ги во продолжение доколку сакате, а не е проблем ни доколку ги споделите со вашите пријтели. Забелешка: Повеќето песни не се слушаат преку телефон туку само преку компјутер/лаптоп поради тогашната програма за обработување на видеата.
Преживување
Дете заспано крај езеро
Тајна
Песна
Нежност
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.