Томас Харди (2 јуни 1840 – 11 јануари 1928), англиски писател. Поради специфичниот реализам и вонредно пластичниот опис на амбиентот во кој се случува дејството во неговите романи, него го сметале за најдобар англиски автор од тоа време – „последен викторијанец“. Неговите дела целосно го застапуваат трагично – фаталистичкиот поглед на светот.
Се надеваме дека ќе уживате во неговите цитати кои ќе останат да бидат безвременски и ќе ве инспирираат.
1. Жените ги привлекуваат тивки мажи. Тие веруваат дека ги слушаат.
2. Совршената жена, знаете, е работничка, таа не е безделник, добрата жена не е добра дама, туку е жена која ги користи своите раце, глава и срце за доброто на другите.
3. Мерењето на животот треба да биде пропорционално со интензитетот на искуството отколку со неговата вистинска должина.
4. Жените полесно ја прифаќаат својата судбина од мажите.
5. Љубовта е силата која ја имаме кога сме вистински слаби.
6. Љубовник кој e дискретен не може да биде вистински љубовник.
7. Aко ни е судено да стапиме во брак, ќе стапиме; ако сме осудени да останеме сами во животот, ќе останеме.
8. Се чини дека обичните мажи земаат жени затоа што поседувањето не е можно без брак, и дека обичните жени прифаќаат сопрузи затоа што бракот не е возможен без поседување.
9. Се разбира, поетите имаат свој морал и манири, но секогаш во согласност со обичаите.
10. Пишувањето роман е импресија, а не водење полемика; и тука нема веќе што да се додаде.
11. Поезијата е емоција напишана со мерка. Емоцијата е дел од човековата природа, но пишувањето со мерка е она што е вистинска уметност.
12. Главната цел на религијата не е да го однесе човекот во рајот, туку да го донесе рајот во него.
13. Времето менува сè освен она што во нас е секогаш изненадено од промената.
14. Според мене поетот треба да ја изразува емоцијата својствена на сите времиња и мислата на времето во кое живее.
Прочитајте ги и следниве цитати од Ван Гог за животот, уметноста и природата.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.