Краставиот Жабок тргна да го посети својот најдобар пријател, Жабокот. Кога стигна на вратата најде залепено писмо на кое пишуваше:
„Драг Крастав Жабоку,
Не сум дома. Сакам да бидам сам.
-Жабок“
„Сам?“, рече Краставиот Жабок.
„Жабокот ме има мене за пријател. Зошто сака да биде сам?“
Краставиот Жабок тогаш тргна накај езерцето за да си го пронајде пријателот. Кога го најде здогледа седнат на еден камен на сред езерцето, почна да вика:
„Жабок! Јас сум. Твојот најдобар пријател, Краставиот Жабок!“, ама Жабокот беше далеку и не можеше да чуе.
Краставиот Жабок ја соблече јакната и ја развеа како знаме, ама Жабокот беше далеку и не можеше да види.
Краставиот Жабок викаше и мавташе, ама попусто.
„Ако Жабок сака да биде сам,“ рече желката, „зошто не го оставиш да е сам?“
„Можеби си во право,“ рече Краставиот Жабок.
„Можеби Жабок не сака да ме види, Можеби тој повеќе не сака јас да сум негов пријател.“
„Жабок!“, викна Краставиот Жабок.
„Ти се извинувам за сите глупави работи што ги правам. Ти се извинувам за сите глупави работи што ги велам. Те молам биди ми пријател пак!“
„Ама Крастав Жабоку,“ рече Жабокот.
„Јас сум среќен. Јас сум многу среќен. Ова утро кога се разбудив се почувствував убаво затоа што сонцето светеше. Се почувствував убаво затоа што сум жаба. И се почувствував убаво затоа што те имам тебе за пријател. Сакав да сум сам. Сакав да размислувам за тоа колку сѐ е прекрасно.“
Прочитајте и „Снежана, сказна за деца (Видео)“.
Превод:
А. Лефкоска
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.